12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Амбасадорот на САД во Русија поднесе оставка

Американскиот амбасадор во Русија, Џон Хантсман поднесе оставка од функцијата. Тој му ја предаде оставката на американскиот претседател Доналд Трамп и како што наведува Хантсман, тој планира да ја напушти својата функција на 3 октомври, за да има доволно време да се именува и потврди неговиот наследник.

Педесет и девет годишниот Хантсман е американски амбасадор во Русија од 3 октомври 2017 година. Тој претходно бил амбасадор во Кина и Сингапур, а исто така работел и како заменик трговски претставник и гувернер на државата Јута.