17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе од 1.500 цивили убиени во Авганистан во јули

Повеќе од 1.500 цивили биле убиени или повредени минатиот месец во војната во Авганистан, соопшти мисијата за помош при Обединетите нации за Авганистан (УНАМА).

Според УНАМА, бројот на пријавени цивилни жртви е најголем во јули во однос на остатокот од годината, но и највисок од мај 2017 година.

Главната причина за тоа е зголемувањето на бројот на милитантни напади врз воени објекти во урбаните области, се вели во извештајот на УНАМА.

Агенцијата на ООН соопшти дека повеќе од 50 проценти од жртвите загинале во експлозии на импровизирани експлозивни направи.