12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким задоволен од новото тестирање на ракетите

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун вчера надгледуваше уште едно тестирање на повеќекратниот систем за лансирање на ракети, со кој би се зголемила способноста на Пјонгјанг да нападне цели во Јужна Кореја и американските бази во земјата, објави денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА. Северна Кореја соопшти дека вчера е тестиран истиот ракетен артилериски систем како и во средата.

Северна Кореја соопшти дека е во прашање ист ракетен артилериски систем чиешто тестирање Ким го надгледуваше во средата.

КЦНА наведува дека Ким изразил „големо задоволство” од тестирањето, за кое Агенцијата тврди дека било успешно. При тестирањето потврдена е контролата на висината, способноста за промена на движењето, прецизноста и експлозивната сила на боевата глава на наведувачката ракета.

Веста доаѓа ден откако јужнокорејската армија соопшти дека Северна Кореја двапати истрелала проектили од својот источен брег во третата рунда тестирање за повеќе од една седмица.

Според експертите Пјонгјанг го интензивирал тестирањето на проектили со цел да изврши притисок врз Вашингтон и Сеул поради застојот во нуклеарните преговори со САД и планираните американско-јужнокорејски воени вежби.

Тие предвидуваат дека во следните месеци може да се очекува понатамошна демонстрација на воените капацитети на Северна Кореја, ако не се постигне напредок во преговорите.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека тестирањето ракети можеби ги кршат резолуциите на Обединети нации, но не и договорот помеѓу него и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.