17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Демонстрантите во Хонгконг го фрлија кинеското знаме и се судрија со полицијата

Демонстрантите во Хонгконг го извадија знамето на Кина од јарболот и го фрлија во градското пристаниште, по што полицијата употреби солзавец.

Околу десетина илјади антивладини демонстранти облечени во црно денеска ја исполнија главната улица во центарот, блокираа тунел и ја опколија полициската станица.

Протестите кои пред два месеци почнаа поради негодување од законот за екстрадиција што во меѓувреме беше суспендиран, прераснаа во антивладини, а полицијата кон демонстрантите употреби прекумерна сила.

Следниот антивладин протест е закажан за утре, а најавен е и масовен штрајк за в понеделник.

Во петокот вечерта над илјада државни службеници излегоа за прв пат на улиците, давајќи им поддршка на антивладините демонстранти.