14.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран и Емиратите потпишаа меморандум за разбирање

Иран и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) потпишаа меморандум за разбирање, чија цел е зајакнување на безбедноста покрај границата, пренесуваат медиуми од Иран.

Меморандумот беше потпишан од страна на иранската исламска гарда и воената делегација на ОАЕ, која во моментот е во посета на Техеран.

Договорот има цел да ја подобри координацијата меѓу двете земји во случај на итни одлуки во врска со безбедноста на границата.

Делегацијата на Емиратите вчера пристигна во Техеран во официјална посета, каде што ќе присуствува на шестата средба на гардите од двете земји.

Делегацијата на ОАЕ е резултат на скорешните тензии помеѓу Техеран и Абу Даби поради инцидентите со нафтените танкери во Персискиот Залив.