12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Болтон: Лансирањето на ракетата не го нарушува ветувањето кон Трамп

Најновото лансирање на ракетата на Северна Кореја не го нарушува ветувањето коешто лидерот на таа земја, Ким Џонг-ун го даде до американскиот претседател, Доналд Трамп, меѓутоа во сомнеж се доведени напорите да се продолжи денуклеаризацијата, изјави советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џон Болтон.

„Лансирањто не го нарушува ветувањето на Ким до Трамп за интерконтиненталните балистички ракети. Меѓутоа, морате да се запрашате кога ќе почне правата дипломатија, кога ќе почне дискусијата за денуклеаризацијата“, рече Болтон во интервју за „Фокс њуз“.

Северна Кореја пред два дена изврши проба на, како што наведоа севернокорејските медими, ракетен систем, а сето тоа го надгледувал лидерот Ким Џонг-ун кој изразил задоволство од тестирањето.