25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тужба поради олово во воздухот по пожарот во Нотр Дам

Француска група за заштита на животната средина поднела тужба поради потенцијална опасност по здравјето од олово кое било регистрирано во воздухот за време на пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам на 15 април.

Стотици тони олово се истопија во пожарот во април, а исклучително високо ниво на олово е регистрирано во воздухот во околината на црквата.

Француската група ја поднела тужбата поради свесно загрозување на човековиот живот. Оттука тврдат дека партиските власти во Париз требале да преземат итни мерки за заштита на граѓаните.