11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Евакуирани 3.500 жители на Будимпешта поради бомба од Втората светска војна

Унгарската полиција ги евакуираше жителите на една од четирите населби во Будимпешта заради отстранување на бомба од Втората светска војна, објавија локалните власти денес.

Се тврди дека биле евакуирани околу 3.500 жители на областа околу Градскиот парк во центарот на градот, а целиот крај е делумно блокиран, односно не може да се влезе, туку само да се излезе, според МТИ.

Автобускиот и тролејбускиот сообраќај, исто така, се запрени, а градските власти обезбедија привремено сместување за евакуираните лица, како и превоз и лична помош за болните и старите лица.

Бомбата тешка 100 килограми од Втората светска војна беше откриен во четвртокот при изведување градежни работи.