17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина задржала руски танкер наводно вклучен во инцидент во теснецот Керч

Украинската безбедносна служба (СБУ) го задржала рускиот танкер „Ника спирит“ во пристаништето Измаил, тврдејќи дека тоа е танкерот Нејма кој го блокираше движењето на украинските бродови за време на инцидентот во теснецот Керч , се вели во соопштението на СБУ, прен4есува ТАСС.

„Украинската служба за безбедност и Канцеларијата на воениот обвинител го задржаа рускиот танкер кој го блокираше движењето на украинските бродови во теснецот Керч , се вели во соопштението.

“Пред судењето истрагата јасно стави до знаење дека руските гранични службеници на ФСБ извршиле чин на вооружена агресија против украинските воени бродови „Никопол“ и „Бердјанск“ и бугарскиот товарен брод „Јани Капу” во теснецот Керчен по директен налог од високи функционери на ФСБ”, додаде СБУ .

Според украинските погранични стражари, танкерот „Ника спирит“ кој плови под руско знаме бил идентификуван на пристаништето Измаил преку неговиот ИМО број и информативниот систем „Еквасис“ како танкерот Нејма, кој бил користен за затворање на теснецот Керч .

СБУ додаде дека група иследници и воени обвинители го пребарале танкерот со судска дозвола, заплениле документи, снимки од радио-комуникациите направени за време на инцидентот и дневници. Членовите на екипажот на танкерот биле испрашувани.

„Танкерот е признат како вистински доказ, иследниците планираат да побараат од судот да го заплени”, истакнаа од СБУ.

На 25 ноември 2018 година, три украински брода незаконски ја преминале руската граница и се обиделе да спроведат нелегални дејства во руските територијални води. Тие ги игнорирале легитимните барања да застанат од бродовите на граничната служба на ФСБ и Црноморската Флота и продолжиле со опасно маневрирање. Во инцидентот било употребенмо оружје.

Трите брода беа задржани во руските територијални води.

За граничниот инцидент беше отворена кривична истрага. Членовите на екипажот на украинските бродови беа ставени во притвор и се обвинети за нарушување на руската граница според член 322.3 од Рускиот Кривичен законик и може да се соочат со шест години затвор ако бидат прогласени за виновни.