10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија предлага формирање организација за безбедност во Персискиот Залив

Русија повика на формирање организација за безбедносна соработка во Персискиот Залив, соопшти руското МНР.

„Практичните чекори кон придвижување на процесот би можеле да се состојат од билатерални и мултилатерални состаноци на страните кои се засегнати со оваа тема, вклучувајќи држави во регионот, но и подалечни земји, Советот за безбедност на ОН, Арапската лига, Организацијата на исламски држави и Советот за соработка на арапските држави во Заливот“, стои во соопштението на руското МНР, кое го пренесе агенцијата ТАСС.

Според Министерството, состаноците ќе послужат како подготовка на меѓународна конференција за безбедност и соработка во Персискиот Залив.

Долгорочна цел е основање организација за соработка и безбедност во Заливот во која ќе бидат вклучени и Русија, Кина, САД, Европската Унија, Индија и други партнери.