22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Германија застрелан маж поради бојата на кожата

Маж од Еритреја е тешко повреден во пукање во западна Германија, а осомичениот за нападот, кој очигледно имал антимигрантски мотиви, неколку часа подоцна извршил самоубиство, соопшти обвинителството во Франфурт.

Портпаролот на обвинителството, Александер Бадле, изјави дека 26-годишниот Еритреец бил погоден во стомакот во близина на градот Вестербарх.

„Младиот човек е пренесен во болница и не е во животна опасност“, додаде портпаролот.

Околу три часа подоцна, 55-годишниот Германец пукал во својата глава и е пронајден во својот автомобил.

Бадле рекол дека жртвата судејќи по сè е избрана поради бојата на кожата и нема доказ дека напаѓачот имал врски со екстремно деничарски групи.