12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зошто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж кој е осомничен дека го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој загинаа најмалку 33 лица, рече дека го сторил тоа од одмазда.

„Осомничениот наведе дека тоа го сторил од одмазда затоа што студиото му украло идеја за проект“, соопшти полицијата.

Пожарот избувна вчера околу 10 часот и 30 минути по локално време во зградата на три ката на компанијата „Кјото Анимејшн“ додека во неа имало многу луѓе. Компанијата произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.