11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Весна и нејзините ќерки близначки во Виена починаа од глад

Полицијата ја пронајде мртва Весна М. (45) во стан во Виена, како и нејзините 18-годишни ќерки близначки. Аутопсијата покажа дека мајката и ќерките починале од глад.

„Првите резултати од аутопсијата покажуваат дека смртта на трите женски лица се случила поради неколкудневно непримање храна, односно глад, изјави портпаролот на виенската полиција, Патрик Мајерхофер, според порталот „Оe 24“.

Се претпоставува дека смртта се случила на крајот на март или почетокот на април оваа година, а телата биле пронајдени кога загрижените пријатели на семејството ги алармирале пожарникарите и полицијата.

Лошите сомневања биле потврдени кога властите влегле во станот што бил заклучен и никој не одговарал.

Близначките, наводно, биле лица со попреченост и биле пронајдени мртви на каучот.

Весна неколкупати бегала од својот насилен сопруг во безбедна куќа. Подоцна, тие се разделиле и нејзиниот сопруг заминал, а Весна останала со своите деца.

Водењето грижа за близначките било премногу за неа. Во 2017 година соседот го повикал Центарот за социјална работа, кој потоа утврдил дека ситуацијата е во ред.

Соседите велат дека Весна М. била психички болна и дека никој не го посетувал семејството.