17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турските војници ќе почнат со обука за системите С-400 овој месец

Околу 100 турски војници ќе почнат обука во еден воен центар во Русија за да работат со ракетните одбранбени системи С-400 на крајот од мај, изјави во понеделникот воено-дипломатски извор за ТАСС.

„На крајот од мај околу 100 турски војници ќе почнат да се обучуваат во рускиот воен центар за ракување со системи за противракетна одбрана С-400 кој ќе биде испратен во Турција во 2019 година во согласност со договорот”, додаде изворот, посочувајќи дека обуката ќе трае околу пет месеци.

Рускиот извозник на воена опрема „Рособоронекспорт“ не даде никакви коментари за ова прашање. Изворот истакна дека турските војници ќе се обучуваат за С-400 заедно со втората група кинески војници кои ја почнаа обуката во истиот воен центар во средината на март.

„Симултана обука за противвоздушни системи за војниците од Кина и од Турција ќе претставува случај без преседан во историјата на поранешниот СССР и модерна Русија”, додаде тој.

Во 2017 беше официјално потврдено година дека Русија и Турција потпишаа договор за испорака на ракетните одбранбени системи С-400 за Анкара.