12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три нови „безбедни” земји на потекло

Австриската влада в среда ќе донесе одлука за проширување на листата на „безбедни” земји на потекло во кои одбиените баратели на азил можат да се вратат.

Листата ќе биде проширена со Уругвај, Намибија и Јужна Кореја, во кои, според забрзана процедура, ќе можат да се вратат одбиените бегалци.

Освен повеќето западни земји, со исклучок на САД поради постојната смртна казна, на листата на „безбедни” земји се наоѓаат Босна и Херцеговина, Косово, Монголија, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Гана, Србија, Мароко, Алжир, Тунис, Грузија , Ерменија, Украина, Бенин, Сенегал и Шри Ланка.

Инаку, проширувањето на листата на Уругвај, Намибија и Јужна Кореја нема да има големо влијание врз статусот на барателите на азил во Австрија, бидејќи минатата година ниту еден граѓанин на овие земји не поднесе барање за азил во Австрија.