12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курц за изборите во Истанбул: Кој не прифаќа демократски избори не може во ЕУ

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја критикуваше одлуката за анулирање на локалните избори во Истанбул. Тој рече дека оној кој не ги прифаќа демократските избори, нема што да бара во ЕУ.

Курц побара конечен прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција. Исто така рече дека е неопходно ЕУ чесно да се однесува кон Турција, која веќе со години со се поголеми чекори се оддалечува од Унијата и повеќе не ги исполнува условите за пристапни преговори.

„Се уште постојат силни систематски ограничувања на слободата на истражување и медиумите“ критикуваше Курц.

Одлуката да се поништат резултатите на изборите за градоначалник на Истанбул, на кои изгуби кандидатот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, за шефот на германската дипломатија Хајко Мас, не е транспарентна и не може да се разбере.

Турската Врховна изборна комисија ги поништи резултатите од локалните избори во Истанбул, на кои победи лидерот на опозицијата, Екрем Имамоглу. Комисијата закажа повторување на изборите во Истанбул на 23 јуни, рекол претседателот на владејачката партија АКП, Реџеп Озел.