25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шарец: ЕУ е најдоброто нешто што ни се случило во поновата историја

Словенечкиот премиер Марјан Шарец изјави дека членството во Европската Унија е најдоброто нешто што ѝ се случило на Словенија во нејзината историја, но дека е против федерализација на ЕУ и ја застапува прагматичната политика со акцент на националните интереси, со кои се гради сојузништвото во Европа.

„Членството во ЕУ е најдоброто нешто што ни се случило во поновата историја иако можеби имавме превисоки очекувања“, рекол Шарец во разговор за љубљанско „Дело“.

„Но, наш најголем проблем во врска со ЕУ е тоа што премногу стриктно ги применуваме европските директиви. Сè што доаѓа од европските канцеларии не треба да се зема како нешто свето, а ние во тоа знаеме да бидеме поголеми папи и од самиот папа“, додал Шарец.

Словенечкиот премиер порача дека сака во ЕУ да води суверена политика базирана на национален интерес и притоа Словенија треба да склучува прагматични ад хок сојузништва.