21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Фејсбук“ забрани профили на американски екстремни десничари

„Фејсбук“ го забрани профилот на Алекс Џонес и некои други контроверзни лица од крајната американска десница, поради кршење на правилата на оваа социјална мрежа за опасни поединци и организации.

Поголем дел од лицата чии профили се отстранети се популарни меѓу екстремните десничари, како што се коментаторите Мило Јанопулос, Лора Лумер и Пол Џозеф Ватсон.

„Фејсбук“ исто така ја забрани страницата на познатиот бел супрематист Пол Љулен, кој се кандидираше за конгресот во 2018 година, на лидерот на Исламската нација, Луис Фаракан, кој проповеда црнечки сепаратизам и ги нарекува Евреите „термити“.

Компанијата најави дека ќе ги отстрани сите профили, страници, групи и настани поврзани со забранети поединци, како на својата основна социјална мрежа, така и на апликацијата „Инстаграм“ за споделување фотографии. Во образложението се нагласува дека се забрануваат сите корисници кои промовираат насилство или омраза.