12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Осум години по смртта на Осама бин Ладен, неговиот син е главен лидер на Ал Каеда и најбараниот човек во светот

Денес се одбележуваат осум години откако припадниците на американските специјални сили упаднаа во куќа во пакистанскиот град Аботабад и го убија лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Припадниците на американските специјални сили „Фоки” извршија рација во утврден комплекс на 2 мај 2011 година, каде што го убија Бин Ладен.

Осама бин Ладен нареди отпочнување на терористички напади врз САД на 11 септември 2011 година, при што загинаа скоро 3.000 лица.

Неодамна, Саудиска Арабија му го одзеде државјанството на неговиот син Хамза бин Ладен, кој во последните години објавуваше аудио и видео пораки повикувајќи ги своите приврзаници да ја напаѓаат Америка и нејзините сојузници, како одговор на убиството на неговиот татко.

Американскиот Стејт департмент претходно понуди награда од еден милион долари за информација која ќе доведе до „утврдување на локацијата во која било земја” на која се наоѓа Хамза.

Во соопштението, синот на Бин Ладен е опишан како главен лидер на Ал Каеда. Се верува дека се наоѓа во близина на границата на Авганистан и Пакистан.

Се претпоставува дека Хамза бин Ладен има околу 30 години. Пред две години американските власти го ставија на листата на глобални терористи.