17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Конзервативни свештеници и теолози бараат од бискупите да го прогласат папата Франциск за еретик

Група од 19 католички свештеници и теолози ги повикаа бискупите да го прогласат папата Франциск за еретик во најновите ултраконзервативни напади на поглаварот на Католичката црква, поради низа прашања, од причест за разведени, верски различности, до неодговорниот однос кон кризата со половите злоупотреби во Црквата.

Најистакнатиот член на групата, 70-годишниот британски свештеник од доминикански ред, Ејдан Николс, кој напишал неколку книги и е еден од најпознатите теолози од англиското говорно подрачје. Другите членови се помалку познати.

„Ги презедовме овие мерки како последн обид да одговориме на насобраните штети предизвикани од зборовите и делата на папата Франциск и поради кои исчезна една од најлошите кризи во историјата на Католичката црква“ порачаа свештениците во отворено писмо долго 20 страници, пренесе Ројтерс.

Во писмото го напаѓаат папата поради ублажувањето на ставот на црквата за низа прашања. Тврдат дека не се залагал доволно за борба против абортусот, премногу ги прифаќа хомосексуалците, како и протестантите и муслиманите.

Авторите на писмото велат дека постојат докази за врска меѓу „одбивањето на католичката наука“ на папата и она што тие го гледаат како негов овластен однос кон свештениците кои го поддржуваат неговиот став, а се обвинети за сексуални злоупотреби.