12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата на Нов Зеланд пронајде сомнителен пакет, нема опасност

Полицијата во Крајстчерч пронајде пакет за кој се сомневаше дека содржи експлозивна направа, но деминерите кои беа на теренот кажаа дека пакетот е безбеден.

„Полицијата пронајде пакет за кој се сомневаме дека содржи експлозивна направа и муниција на еден напуштен плац во Крајстчерч”, рече шефот на полицијата, Џон Прајс.

Според него, деминерите кажале по испитувањето дека пакетот е безбеден.

Притоа беше уапсен 33-годишен маж.

Во меѓувреме полицискиот кордон е отстранет .

Во Крајтчерч минатиот месец се случи напад врз џамија во кој загинаа 50 лица.