21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел и Макрон на 29 април организираат конференција за Западен Балкан во Берлин

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Емануел Макрон ,на крајот од месецов ќе организираат конференција во Берлин, на која ќе бидат повикани земјите од Западен Балкан, како и Хрватска, Словенија и претставници на Европската комисија.

„На конференцијата на 29 април се очекуваат највисоките претставници на тие земји“, рекол портпаролот на германската Влада за ДПА.

Главна тема на разговорот би требало да биде стабилноста и поволниот развој на регионот. Како што пренесува ДПА, Меркел и Макрон сакаат со гостите да разговараат за посебните предизвици во регионот, особено за односите меѓу Србија и Косово.

Германија и Франција се и носители на таканаречниот Берлински процес, кој почна во 2014 година, со цел стабилизација на безбедноста и подобрување на политичките и економските односи меѓу земјите од Западен Балкан, меѓу кои се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.
Следната конференција во рамки на Берлинскиот процес ќе биде одржана на почетокот на јуни во Полска.