17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јован најавил дека ќе се убие, четири саати подоцна се обесил – детали за трагедијата во Србија

Јован В. од Белград извршил самоубиство четири часа откако своите намери за тоа ги најавил преку социјалната мрежа “Фејсбук” пренесуваат српските медиумите.

Во пораката која ја објавил на својот фејсбук профил, впечатливо е дека самоубистото го направил поради распад на семејството, односно поради тоа што жената го оставила и му ги одзела двете деца, а тој со тоа не можел да се помири.

– Пред две години ме напушти жената и ги одведе нашите деца. Останав сам. За тие две години направив се што знаев и умеев, и преку законот, судот и и полицијата. Два пати ме натера да одам во затвор, но јас сепак откако ќе излезев клечев и молев, носев цвеќе, слики, си заминував или во солзи или со полициско возило. За било каква шанса, прегратка, разговор за шанса да се покаам за гревовите, да го вратам семејството дома, да ги прегрнам, да почнеме од почеток, децата да ни бидат заедно. Да се борам и крваварам за мојата фамилија. Моите деца да не го поминат она што го поминав јас. Се пробав, не успеав и сега доаѓам од Германија повторно да пробам и дознавам дека мојата жена отишла кон друг човек, напишал мажот.

Целиот фб статус погледнете го во продолжение:

Пријателите веднаш повикале полиција откако го виделе статусот на фејсбук, но како што пренесуваат медиумите било предоцна.