10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдени 170 килограми кокаин во Црното Море

Во Црното Море, во близина на градот Шабл, кај границата со Бугарија и Романија, беа пронајдени шест пакети со 170 килограми кокаин, рече министерот за внатрешни работи на Бугарија, Младен Маринов.

Кокаинот бил завиткан во водоотпорни пакети сместени во спасувачки појас, објави БТА.

Бугарските и романските власти работат на случајот од 5 април, а агенцијата вели дека поголемо количество кокаин е пронајден и во Романија.

Полицискиот надзор во областа Шабл е зајакнат.