12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мeј пристигна во Берлин за да разговара со Меркел

Британската премиерка Тереза Меј пристигна во Берлин за да се состане со германската канцеларка Ангела Меркел во обид да постигне договор со Европската Унија за понатамошното одложување на брегзит.

Тереза Меј ќе побара продолжување на крајниот рок за излегување на Велика Британија од Унијата, со цел да обезбеди поддршка од парламентот за својот план за брегзит во разговорите со опозициската Лабуристичка партија, соопшти нејзиниот портпарол.

Тереза Меј ќе се сретне подоцна во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон.