11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Политичарите во Словачка по грешка изгласаа закон

Словачките политичари го повикаа нивниот претседател да стави вето на новиот закон за забрана на странски државни химни, за кој тие рекоа дека го изгласале „по грешка“.

Законот конкретно го криминализира пуштањето национални химна на други земји на голем број јавни настани, освен ако не е присутен член на странска делегација. Таквото кривично дело може да резултира со парична казна во висина до 7 000 евра, ако законот стапи на сила во средината на мај.

Минатата недела политичарите во Словачка гласаа за амандман за заштита на употребата на словачките државни симболи. Истиот беше предложен од страна на екстремно десничарската Словачка национална партија (СНС), како директен одговор на употребата на изменетиот симбол на новата униформа на хокеарскиот тим на земјата.

Но, голем број политичари не знаеја дека амандманот вклучува и член во кој се образложуваат предложените рестрикции за националните химни.

Новиот закон е особено штетен за малцинствата во Словачка – околу 9 отсто од населението во земјата се Унгарци.

Бела Бугар, водачот на Словачко-унгарската партија Мост-Хид, рече дека неговата партија гласала за амандманот по грешка.

„Имаше една одредба која не припаѓа на Европа во 21 век“, додаде тој во врска со членот за химните.

Партијата Прогресивна Словачка, исто така, повика на брзо решение, велејќи дека новиот закон „непотребно отвора националистичка карта“.

„За унгарското малцинство во нашата земја, химната е важен ритуал за одбележување на државните празници или верските церемонии“, напиша членот на партијата Мартин Дубеци.