10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Партијата на Ердоган бара повторно да се пребројат гласовите во Истанбул

Партијата на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган најави дека ќе побара од државната изборна комисија повторно да се пребројат сите гласови во Истанбул, по локалните избори минатата недела, изјави висок партиски функционер.

Опозициската Републиканска народна партија ја презеде контролата во Анкара и освои тесна победа во Истанбул.

Партијата на Ердоган, АКП, веќе се пожали на резултатите и во тек е делумно ново пребројување на гласови во неколку области и целосно пребројување во други.

Али Ихсан Јавуз, заменик претседател на АКП рече дека партијата ќе побара целосно ново броење на гласови во 38 делови од Истанбул.