12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

БиХ би требало да биде целосно исчистена од мини за шест години

На територијата на Босна и Херцеговина и понатаму има голем број мини, но се работи на тоа до 2025 година да биде целосно исчистена, изјави денеска шефот на делегацијата на ЕУ во Босна, Ларс Гунар Вигемарк.

Претставувајќи ја анализата за акцијата за отстранување на мините, рече дека од почетокот на годинава била усвоена нова стратегија за деминирање 2018-2025, чија реализација е поддржана од ЕУ со 10 милиони евра.

Вигемарк нагласи дека активноста, пред сѐ ,ќе придонесе кон безбедноста на граѓаните, земојделството, но и ќе направи простор за реализација на значајни проекти од патната инфраструктура, пренесе „Фена“.

Два отсто од територијата на БиХ уште е зафатена со мини, а според новата стратегија, процесот би требало да биде завршен до 2025 година.