10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен тинејџер со неколку ножеви во училиште во Германија

Полицијата во северниот дел на Германија објави дека уапсила 17-годишен тинејџер со неколку ножеви откако примиле дојава за онлајн чет каде што некој се заканил дека ќе убие неколку луѓе во училиште.

Полицајците утринава ги прегледувале учениците кои влегувале во училиштето во Фленсбург, јужно од границата со Данска, и привеле тинејџер.

Полицијата соопшти дека првичната истрага ги потврди сомневањата против него не објаснувајќи ги деталите.

Четот се појави во вторникот вечерта, а заканата се однесуваше на денешниот ден.

Часовите се одржани нормално откако беше уапсен тинејџерот.