17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повици да се казни „предавникот Гуаидо“ откако му беше укинат имунитетот

Националното конститутивно собрание на Венецуела едногласно му го одзеде пратеничкиот имунитет на опозицискиот лидер Хуан Гваидо, кој се прогласи за привремен претседател на земјата во средината на јануари, но Марија Леон, пратеник во Националното собрание, вели дека укинувањето на пратеничкиот имунитет не е доволно за Гуадидо, кого го нарече предавник на татковината, пренесува „Спутник“

„За мене, укинувањето на имунитетот е премногу мал чекор. Како се третираат предавниците на татковината? Секој што ја предал својата татковина не заслужува да се нарече Венецуелец”, рече таа.

Додека Леон бараше да се казни Гваидо со примена на други мерки, луѓето во публиката постојано викаа: „Пред ѕид!”, алудирајќи дека Гуаидо треба да биде погубен со стрелање.

Одлуката за укинување на имунитетот на Гваидо го отвори патот за негово гонење и потенцијално апсење поради кршење на Уставот. Гуаидо, исто така, може да биде обвинет за прекршување на владината забрана за напуштање на земјата од 29 јануари, што тој ја прекрши кога ги посети Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор и Парагвај од крајот на февруари до почетокот на март.

„Националното конститутивно собрание на Венецуела дозволува продолжување на судската истрага против Хуан Гуаидо”, се вели во документот.

Реагирајќи на овој потег, Гуаидо рече дека нема враќање и дека ќе продолжат да дејствуваат и да разговараат со венецуелскиот народ.

Ова доаѓа откако државниот контролор на Венецуела, Елвис Аморосо, објави дека на Гуаидо ќе му биде забрането да биде јавна функција во период од 15 години поради недоследности во неговите лични финансиски активности и евиденција за трошоците, што не одговара на неговото ниво на приход.