12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гореше сува букова шума во беровско

На 17.03.2019 во 10.50 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Сливница“, атар на село Русиново, беровско, настанал пожар во кој била зафатена букова шума.

По преземени мерки било констатирано дека истиот ден околу 10.45 часот на наведеното место, Д.Т.(31) и неговиот брат И.Т.(28), двајцата од село Смојмирово, запалиле оган за скара и поради небрежност огнот се проширил и почнал да се шири. Пожарот бил целосно изгаснат во 14.30 часот од екипи од Територијалната противпожарна заштита Берово, ШС „Малешево“. Од извршениот увид било констатирано дека изгореле околу осум хектари сува трева и папрат.