25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две лица обвинети за продажба на дрога

Поднесено е обвинение против две лица што се товарат дека извршиле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Првообвинетата на 18 февруари во станот во кој престојувала заедно со второобвинетиот, неовластено, заради продажба, држела наркотична дрога марихуана со вкупна нето-маса од 883,76 грама марихуана, хашиш масло во шприц со волумен од 2 мл, амфетамин со вкупна нето-маса од 28,47 грама, осум таблети 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и повеќе други предмети со остатоци од наркотични дроги.

Второобвинетиот се гони за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од помало количество затоа што на критичниот ден на сведок во постапката му продал психотропна супстанција амфетамин со нето-маса од 0,37 грама за цена од 500 денари.

Заедно со обвинителниот акт надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за првообвинетата, да за второобвинетиот предложи мерката куќен притвор да му биде укината и да му бидат определени мерки на претпазливост.