17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата извршила претрес во куќата на Џ.Џ., двајца се приведени

На 07.03.2019 година во 13,30 часот во Кичево од страна на полициски службеници од Полициската станица Кичево извршен бил претрес во домот и помошните простории на Џ.Џ.(30) од Кичево, при што е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Во неговиот дом бил затекнат Џ.Р. (34) од Кичево, кај кого е пронајдена и одземена марихуана.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ Џ.Џ. и Џ.Р. биле приведени и задржани во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка.