18.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

– Здружението на граѓани “Стар Лагадин” искрено се заблагодарува за продуктивната средба одржана на 7.03.2019 година со Премиерот, г-дин Зоран Заев и Министерот г-дин Горан Сугарески со нивниот тим во врска со урбанистичките проблеми на Охридското крајбрежје, село Лагадин.

Беше напомната заедничката заложба во борба против неправилностите во изградбата на објекти долж Охридското крајбрежје во зачувување на природната уникатност и биодиверзитетот на Охридското езеро и културното наследство на овој регион, заштитено од УНЕСКО.

Ги цениме напорите на Премиерот и Министерот да изнајдат решение за ставање на Општиот акт за село Лагадин вон употреба, односно да не се постапува по Општиот акт за сите започнати, одобрени и потенцијални барања чија основа бил/е Општиот акт сé до донесување на Детален Урбанистички план за село Лагадин.

Воедно, го цениме и напорот во изнаоѓање на решение објектот “хотелски комплекс Лагадин” да биде отстранет, срушен, поради прекршување на повеќе законски регулативи споменати во Извештајот на Државниот градежен инспекторат по координативната ревизија на објектот од 27.01.2017 година.

Здружението “Стар Лагадин” останува на своите определби за заштита на урбанистичкиот интегритет, животната средина и одржливиот развој на село Лагадин и на севкупното Охридско крајбрежје. Отворени сме да го поддржиме новиот Детален Урбанистички План за село Лагадин кој би ги задоволувал сите урбанистички, градежни и еколошки регулативи.

Своите понатамошни активности здружението ќе ги конципираво зависност одмерките кои ќе ги превземат надлежните институции, пред се надлежното Министерство и Општината Охрид, во однос на ставање на Општиот акт за село Лагадин вон употреба и рушење на неправно изградениот хотелски комплекс Лагадин во село Лагадин, се вели во соопштението на Здружението “Стар Лагадин”.