24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВМРО ДПМНЕ/Facebook
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ потфрли и на инфраструктурен план и не направи ништо за развој на државата

Неспособната власт повторно ја гледаме на дело. Нивото на реализација на капитални инвестиции за јануари е нешто над 1 отсто, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија нагласуваат дека од годишно планираните 420 милиони евра, власта вложила само 4,5 милиони евра.

„Бројките сигнализираат дека власта и оваа како и претходната година нема да успее да ги реализира планираните капитални инвестиции. Ниското ниво на реализација на капитални инвестиции значи помалку инфраструктурни проекти, помалку автопати, патишта, водоводни и канализациски мрежи. Помалку капитални инвестиции значи помал развој на економијата“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПНЕ посочуваат дека две години како СДСМ е на власт, но ниту еден капитален проект не е реализиран.

„Ништо од 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.200 километри локални патишта. СДСМ потфрли на инфраструктурен план. СДСМ не направи ништо за развој на државата. Две години само тонеме како држава“, сметаат од опозициската партија и додаваат дека деспотот Заев и СДСМ мора да бидат поразени за државата да тргне напред.