10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иранскиот шеф на дипломатија ја објави својата оставка на Инстаграм

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, ја објави својата оставка од функцијата во пост на својот профил на Инстаграм, пренесува РТ.

„Ви се извинувам на сите за неуспесите … во изминатите години додека бев министер за надворешни работи. Им се заблагодарувам на иранската нација и на функционерите”, напиша тој на својот профил jzarif_ir на Инстаграм.

Зариф е ирански министер за надворешни работи од 2013 година. Тој ја предводеше иранската делегација на преговорите за иранската нуклеарна програма, која на крајот заврши со потпишувањето на договорот за 2015 година, познат и како Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA).

Пред да ги преземе своите должности како министер, тој беше постојан претставник на Иран во ОН меѓу 2002 и 2007 година. Причините за неговата оставка засега остануваат нејасни.