10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во Скопје – еден ранет

На 24.02.2019 година во 15.05 во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во населба Хиподром-Скопје, при меѓусебна расправија, Л.Ј.(64) од Скопје со нож во пределот на стомакот го прободел А.А.(39) од Скопје. А.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Л.Ј. бил приведен во Полициската станица Гази Баба, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.