10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Усвоен предлог-законот за класифицирани податоци

На предлог на Министерството за одбрана, Владата го усвои предлог-законот за класифицирани податоци.

Како што соопшти владината прес-служба, со новиот предлог-закон се уредува системот за заштита на класифицирани информации во земјата, при што се става акцент на класифицирањето на информациите, определувањето на степените на класификација, критериумите, мерките и активностите за заштита на класифицираните информации, размената на класифицираните информации со странски држави и меѓународни организации, постапките за издавање и времетраењето на безбедносните сертификати, органите за заштита на класифицирани информации, плановите и програмите за работење на дирекцијата, вршењето надзор, прекршочните и казнените одредби при неовластено откривање на класифицирани информации.