12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Закана за бомба принуди норвешки авион да се врати на аеродромот во Стокхолм

Веднаш по полетувањето утрово пред 11 часот, норвешки авион доби закана за бомба, пренесуваат норвешките медиуми. Според информациите, во авионот има 169 луѓе.

„Експресен“ пишува дека се работи за „Ербас 737“, кој од Стокхолм полетал за Ница.

Авионот се вратил на аеродромот во Стокхолм, Арланда. Бројни полициски и воени сили пристигнаа на аеродромот, во тек е претрес на авионот.