10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Скопје: Двајца пронајдени мртви во када

Двајца скопјани на возраст од 74 и 76 години биле пронајдени мртви во када во нивниот дом од страна на нивниот внук, соопштија од полицијата.

Од МВР посочија дека пријавата ја добиле вчера нешто по 13 часот од страна на Б.Б., кој пријавил дека во када во куќата на улица „Раде Јовчевски Корчагин“ ги пронашол починати неговите баба и дедо Ј.В. на возраст од 74 години и Г.В. на возраст од 76 години.

Според пријавителот, тие најверојатно починале од струен удар.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, соопштија од полицијата.