22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Захарова до Порошенко: Имавте шанса

Официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по изјавата на украинскиот претседател, Петро Порошенко, посочи дека неговата изјава е само празни зборови.

„Порошенко имаше шанса за глобален мир, како во земјата, така и во светот – преку реализација на договорот од Минск”, рече Захарова, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател, во која тој наведе дека Украина има потреба од мир со Русија.

„Тој не ја искористи својата шанса”, додаде Захарова.

Порошенко, изјави дека на Украина ѝ е потребен мир со Русија и дека луѓето се уморни од војната.

„Секако, потребен ни е мир со Русија. Студен мир, но мир. Луѓето се уморни од војната. Руската пропаганда игра на оваа болна емоција. Темата за војна и мир е една од главните на изборите затоа што народот нема да избира само претседател, туку и врховен командант“, рече Порошенко на форум во Киев.