17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Скапоцениот дворец е симбол за корупција

Токму скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е еден од симболите на корупција која поради нив се прошири. Со започнатите реформи, за само една година Македонија бележи напредок. Ваква е реакцијата СДСМ по обвинувањата изнесени од опозицијата, а во однос на извештајот на „Траспаренси интернешнл“, според кој Македонија е на 93. место од 180 држави според нивото на корупција.

„Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за корупција, кога токму нивниот скапоцен дворец кадешто шират лажна загриженост е симбол на корупција, криминал и расипништво. Поради 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ Македонија стана заробена држава во која цветаа криминалот, корупцијата и неказнивоста. Доказ за тоа е се и судските процеси што се водат против високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и членови на претходното раководство. За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ започна сериозни реформи за вистинска, независна и неселективна борба против корупцијата“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија додава дека резултатите од реформите и промените во функционирањето на институциите веќе се забележливи и уште поинтензивно ќе се почувствуваат на долг рок. Факт е дека Македонија за еднa година, велат од СДСМ, од 2017 до 2018, има скок од 14 места и подобрување од два поени, што е навестување дека државата се движи кон одговорно, отчетно и транспарентно владеење со целосно почитување на прописите и законите.

„Потребата од суштинска борба против корупцијата е врвен приоритет за СДСМ и Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи. Во таа насока е донесениот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, со којшто Македонија конечно добива силна и независна институција за борба против корупцијата.

Заврши времето на криминал, корупција и неказнивост што беше одлика на владеењето на антинародното ВМРО-ДПМНЕ, денес, законите важат за сите подеднакво и се воведува нулта толеранција кон корупција“, додава СДСМ во реакцијата.