10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пет од десет судови во Македонија немаат лифтови за пристапност за лица со попреченост

Коалицијата „Сите за правично судење“ соопшти дека во периодот од септември до декември 2018 година спровела истражување за физичката пристапност на 10 основни судови во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово и во Гостивар и нивните услуги. Податоците се добиени од 16 набљудувачи, кои спровеле мониторинг на граѓански судски постапки од аспект на правниот, финансискиот и физичкиот пристап, до правдата.

„Првичните резултати од истражувањето покажуваат дека сите категории лица со попреченост се соочуваат со тешкотии во поглед на пристапноста до судот и правдата. Со тоа им е ограничено правото на фер и правично судење под еднакви услови како за сите во согласност со законите и меѓународните прописи“, велат од коалицијата „Сите за правично судење“.

Дополнително, како што додаваат, пет од десет судови во Македонија немаат лифтови кои би можеле да бидат користени од лицата со попреченост, а во три од судовите лифтовите не се функционални за користење.

Истражувањето било направено со поддршка од проектот на УСАИД за граѓанско учество.