25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТ

Во пожар во стан во Дамаск загинаа седум браќа и сестри

Седум браќа и сестри во едно семејство во Дамаск загинаа во пожар, кој избил во нивниот стан. Можна причина за пожарот најверојатно била електрична греалка.

Загинати се деца на возраст од три до 13 години, а нивните тела се пренесени во болница, пренесе сириската агенција „Сана“, повикувајќи се на неименувани полициски извори.

Причина за избивање на пожарот во станот, кој се наоѓал на четвртиот кат во зградата, засега не е позната, но се претпоставува дека го предизвикала електрична греалка.

Во извештајот не се наведува што се случило со родителите на децата. Поради пожарот, во станот се урнал покривот, соопштила противпожарната служба. Сирискиот премиер, Ехмад Хамис, синоќа го посетил местото на несреќата.