21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа го откажа состанокот со кинеските претставници

Белата куќа го откажа состанокот што беше планиран за неделава со кинеските претставници во врска со решавањето на трговскиот спор, тврдат неофицијални извори за Си-ен-би-си (CNBC).

Причина за тоа се постојани несогласувања меѓу двете страни околу кражбата на интелектуалната сопственост, за што Американците ги обвинуваат Кинезите. Веднаш по објавувањето на оваа информација, американските индекси на берзите паднаа на минимум, а инвеститорите отвораат нов круг на песимизам.

Американските и кинеските претставници требаше да се состанат неделава за да го забрзаат постигнувањето на договорот пред истекот на рокот, кој е фиксиран за 1 март.