17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев се огласи околу идниот претседателски кандидат: Еве што објави

Премиерот, Зоран Заев, потврди денеска дека СДСМ спроведува анкети за да го измери рејтингот на потенцијалните кандидати за претседател.

-Меѓу нив се Македонци, Албанци, Турци, Срби. Анкетите се прават за да видиме како размислуваат граѓаните. Правиме вкрстени евалуации со имиња од другата страна, за да се обидеме во коалицијата да дојдеме до решение, да најдеме личност која е најприфатлива, рече Заев.

Тој додаде дека нема партија од поголемите која не прави анализи и дека консензуалниот кандидат не треба да биде договорен меѓу Заев и Ахмети, Гаши и Ахмети, или Енес Ибраим и Самка Ибраимовски, туку да биде на граѓаните.