25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсења на Блаце

Две лица кои се наоѓаат на листата од „Интерпол“ биле приведени вчера на Граничниот премин “Долно Блаце“ за влез во Македонија.

Првиот, кој е од Косово и се наоѓа на листата од Интерпол со мерка „апси“ бил приведен при пасошка контрола околу 18 часот. Се работи за 47-годишен граѓанин на Косово со иницијали Б.Ш, соопшти МВР.

Второто лице било приведено на истиот граничен премин во 4.30 часот. Се работи за 33-годишно лице од Албанија, со иницијали Л.Ш. кое било приведено врз основа на телеграма од Интерпол за сторени кривични дела „тешки кражби“. Лицето било предадено на полициски службеници од полициската станица Чаир за понатамошна постапка.