12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Подгорица под снег, дел од летовите откажани

Во главниот град на Црна Гора, Подгорица, снег паѓа од синоќа, а до седум часот утрово е создадена седум сантиметри бела покривка.

Снегот предизвика проблеми во авиосообраќајот, пишува РТЦГ. Откажани се неколку летови од подгоричкиот аеродром, а дел од летовите доцнат.

Сообраќајот на улиците се одвива забавено, но без поголем метеж.

Снег има и во Улцињ.