12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сѐ повеќе иноватори во Германија се мигранти

Сѐ поголем број на патенти и заштитни симболи кои се регистрираат во Германија се развиени од луѓе со мигрантско потекло, се наведува во истражување на германскиот економски институт (IW).

Во просек еден на десет патенти регистрирани во германската Канцеларија за патенти и трговски марки (DPMA) во 2016 година се развиени од луѓе кои имаат потекло од други земји, главно од источна и југоисточна Европа.

Бројот на таквите патенти достигнува речиси 3.000.

Пронаоѓачите од не-германско потекло придонесуваат со сѐ поголем удел во германските иноваторски сили, објави IW.

Податоците се собрани преку анализа на јазичното потекло на имињата на лицата под кои се регистрирани патентите.