12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Поранешен американски маринец обвинет за шпионажа во Русија

Поранешниот американски маринец Пол Велан во Русија е обвинет за шпионажа, а доколку биде осуден, му се заканува казна од 20 години затвор, објави агенцијата „Интерфакс“, цитирајќи неименувани извори.

Руската федерална безбедносна служба започнала кривична истрага против Велан откако беше уапсен во петокот во Москва поради сомневање за шпионажа, но засега не се открива карактерот на неговите наводни шпионски активности, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД се надеваат оти наскоро ќе имаат пристап до Американецот кој е притворен во Русија под обвинение за шпионажа и ќе бараат негово итно враќање доколку се утврди дека е незаконски уапсен.

Велан е поранешен маринец од Мичиген, а неговиот брат изјавил дека тој отпатувал за Москва за да присуствува на свадба.